ВЕЛНЕС СОБА ВО ПРИВАТНИ ДОМОВИ Е НОВ ТРЕНД, ВЕЛАТ ДИЗАЈНЕРИТЕ

Брисел, (Јуроњуз)

Сѐ повеќе луѓе прават „велнес соби“ во своите домови, велат дизајнерите.

За време на ковид пандемијата, домовите беа адаптирани да служат за повеќе намени, од канцеларии до соби за вежбање. Сега, домашните соби се трансформираат во еден вид храмови за себегрижа, следејќи го новиот тренд наречен „велнес соби“.

„Мала, софистицирана соба за вежбање, слушање музика, медитација или за зен-градина се само дел од велнес простории што ги дизајниравме во изминатиот период“, вели дизајнерот Гонсало Буено од Далас.

„Просториите за велнес, повлекување во своите мисли и за полнење батерии се навистина популарни во моментов“, додаде тој.

Дизајнерот Џек Овадија смета дека е од суштинско значење да се има приватен простор.

(Фото: АП)