Шон Ти, творецот на една од најпопуларните програми за вежбање Инсенити, вели дека нема потреба бесцелно со часови да кревате тегови во теретана. Место тоа, тој ги учи луѓето како паметно да ги искористат вежбите за тело за да бидат во форма и истовремено да се забавуваат додека го прават тоа.

Вежбите за тело можат да помогнат да се изгради физичка сила, но ако сакате дополнително да набиете мускули, мора да почнете да користите тегови. Дури тогаш телото се става под вистинско оптоварување и почнуваат да се создаваат микроскопски резови во мускулните влакна. Како што влакната заздравуваат, тие стануваат посилни.

Реално, неделно ви требаат само два дена за кревање тегови, затоа што на големите и на малите мускулни групи можете да работите во различни денови“, вели Шон Ти.

Во првата група спаѓаат гради, грб и нозе, а во малата група специфични мускули како бицепси, трицепси и листови.

За да можат мускулите да заздрават, дајте му на телото 48 часа одмор пред повторно да ја изложите на тренинг истата група мускули. Ако ви се чини дека двапати неделно не е доволно, можете да ја зголемите вашата неделна тренинг програма со други вежби за сила“, советува Шон Ти, додавајќи дека резултатите доаѓаат само ако сте упорни и постојани.