Личниот тренер на пејачката Аријана Гранде, Харли Пастернак, кој, исто така, ги има тренирано Ријана, Меган Фокс и Кејти Пери наведе четири најчести грешки кои што, според него, луѓето ги прават при вежбање и кои што можат да доведат до повреда или пак до депресија.
Првата грешка, вели Пастернак, е што правиме сé одеднаш – многу вежбање и многу брзо. „Ако некој одлучи да учествува на маратон, наместо да го постигне постепено нивото на потребната физичка спремност, започнува одеднаш со КросФит и вегански диети“, објаснува Пастернак. „И да не ви се случи да се повредите, едноставно ќе ви здодее.“
Втората грешка е што многупати нашата крајна цел ја поставуваме како прва.
„Кога вашата последна цел е да изгубите 10 кила, вие мислите само на тие 10 кила, кога тоа што би требало да го мислите се 12.000 чекори кои треба да ги изодите на кус рок.“
Третата грешка, според Пастернак, е мислата дека со доволно вежбање може да се компензира за нездравата исхрана.
„Ниту едно кардио во светот не може да ви помогне против лошата исхрана. Така што заљубете се одново со вашата кујна и почнете со подготвување на едноставни, но здрави рецепти секој ден. Вашето тело ќе ви се заблагодари“, вели тој.
Последната грешка која што можеби дојде како изненадување, е вежбањето во затолена просторија, услов што најчесто се применува за јога и други спортови во затворено. „Науката вели дека вежбањето во ладни простории предизвикува повисоко горење калории и маснотии“, објаснува Пастернак.
Пастернак завршува со мал совет за да се смени правилото на „денот на измама“ со „денот на измама со јадење“, за да не се избегнува ни ден вежбање, а притоа да можеме да внесеме некоја калорија плус.