ЧИЈА СЕМКИТЕ СО ПРАВО СЕ НАРЕКУВААТ СУПЕРХРАНА

Њујорк, (Привеншн)

Чија семките ги следи репутација на суперхрана и за тоа има добри причини.

Тие, можеби, се ситни, но се полни со хранливи состојки: само една лажица (15 грама) содржи 69 калории, пет грама влакна, четири грама здрави масти и два грама протеини.

„Има голем број намирници кои се одличен извор на влакна и на здрави масти, но со чија семките го добивате тоа во мало пакување и тоа е она што ги прави чудотворни“, вели нутриционистката Дон Џексон Блатнер.

Предностите на чија семките не се ново откритие, бидејќи луѓето ги користат веќе 5.000 години. Ова растение потекнува од Мексико и Гватемала и Маите и Ацтеките ги користеле за сѐ, од исхрана до медицина и козметика.

Тие можат да се додадат во секое јадење и еве уште неколку причини зошто се толку вредни.

  • Една лажица чија семки содржи пет грама влакна, што е 20 отсто од препорачаната дневна доза.
  • Тие се одличен извор на фосфор и магнезиум, минерали што се важни за здравјето на коските.
  • Ако сте вегетаријанец, па не внесувате доволно комплетни протеини, чија семките ги содржат во големи количества.
  • Богати се со омега-3 масни киселини.
  • Помагаат во хидратацијата на организмот. Чија семките впиваат многу вода, што може да им биде од полза на спортистите и рекреативците.