ДОАЃА СЕЗОНАТА НА САРМИ, СЕ ПОЈАВИЛА ПРЕД 3.000 ГОДИНИ ВО ЕРМЕНИЈА, ПА ЈА РАШИРИЛЕ ОСМАНЛИИТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Доаѓа сезоната на сарми, традиционално и широко застапено јадење на Балканот, но кое всушност не потекнува од овие простори. Ова име доаѓа од турскиот збор сарма, што значи замотано, додека во други држави се вика долма, што на турски значи полнето.

Според многу верувања, првата сарма, односно долма била направена пред 3.000 години во Ерменија, а оригиналниот рецепт бил месо замотано во лозов лист. Во остатокот на светот се проширила благодарение на Османлиите, па сарма (долма) во разни облаци денес може да се најде од Индија преку Алжир до Балкан.

Сармата е најраспространета во Азербејџан, па УНЕСКО во 2017 ја прогласи за тамошно нематеријално културно наследство.

Сармата се подготвува на најразлични начини, а најчесто со месо и кисела зелка, како што е попупарна во Србија, Македонија, Црна Гора и БиХ. Според различни рецепти се подготвува во Полска, Словенија, Унгарија, Молдавија, Украина, Русија, Јордан, Либан, Сирија и Иран, додека во Турција често се јаде без месо.