ЈАГОДА ОД 289 ГРАМА ПОТВРДЕНА ЗА НАЈТЕШКА НА СВЕТОТ

Тел Авив, (Ројтерс)

Израелски фармер ја одгледал најтешката јагода на светот, потврди Гинисова книга на рекорди.

„Со своите 289 грама, јагодата е пет пати потешка од нормалната големина на локалната сорта илан“, изјави Нир Даи од израелскиот институт Волкани, каде што сортата била развиена.

Од Гинис кажаа дека јагодата е долга 18 сантиметри и има обем од 34 сантиметри.

Хахи Ариел ја одгледал јагодата на семејната фарма минатата година и во очекување рекордот да биде потврден, оттогаш ја чувал во замрзнувач.

Претходниот рекорд од 2015 го држеше јагодата на јапонски фармер од 250 грама.