МАКЕДОНСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ И ПИЈАЛАЦИ НА ТРЕТИОТ СЛОУ ФУД САЛОН ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Ние сме заедница“ е мотото на третиот Слоу фуд салон, кој ќе се одржи во Скопје на 9 ноември, во хотелот „Лимак“. На настанот, посетителите ќе можат да дегустираат храна и пијалаци од домашни производители.

„Ќе има околу 70 изложувачи од цела Македонија со традиционални производи: ајвар, лутеница, пинџур, мед, џем, разни видови сирења и кашкавал, слатко од смокви, домашни јуфки и малака, производи од тартуфи, домашни сокови, сушено овошје, чај. Ќе се пробуваат вина од мали семејни винарии и занаетчиски ракии“, велат организаторите.

Настанот трае од 12 до 20 часот, а во тој период ќе се одржуваат и мастер класови, работилници, конференции, семинари и едукација за деца.

(Фото: Фејсбук)