МЕСТО „КОКА-КОЛА“, „ФАНТА“ И „СПРАЈТ“, РУСИТЕ ЌЕ ПИЈАТ „КУЛ КОЛА“, „ФЕНСИ“ И „СТРИТ“

Москва, (Би-Би-Си)

Руската компанија „Очаково“ лансираше нова палета газирани пијалаци, кои треба да ги заменат легендарните западни брендови без кои рускиот пазар остана како резултат на инвазијата на Украина. Место „кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“, Русите ќе можат да пијат „кул кола“, „фенси“ и „стрит“.

„‘Кул кола‘ го има легендарниот вкус на кола“, напиша компанијата на својот сајт, додека другите два пијалака се очигледна асоцијација на „фанта“ и „спрајт“.

Иако производите на „Кока-кола“ и натаму можат да се најдат во руските продавници, нивните цени пораснаа за околу 200% откако компанијата во март објави дека ги суспендира своите активности во земјата.

Основана во 1978, „Очаково“ досега главно произведуваше традиционални руски пијалаци, како квас и медовина.