Дури и без покана за свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, сепак можете да уживате во парче од свеченоста со правење на оваа торта од лимон и бозел.

Изборот на свадбената торта на кралската двојка е одраз на стилот на нивната врска: современ, неконвенционален и забавен.

Слаткарката од Калифорнија, Клер Птак, беше избрана да ја направи кралската торта

Според палатата Кенсингтон, тортата е слика на светлите вкусови на пролетта, направена е со органски состојки, па дури и украсена со свежо цвеќе.

Слаткарката од Калифорнија, Клер Птак, која раководи со „Вајолет кејкс“ во Источен Лондон, беше избрана да ја направи кралската торта, која е голема спротивност од традиционалната овошна торта што се служела на изминатите кралски свадби.

За корите се потребни 300 гр брашно, две лажички прашок за пециво, 300 грама путер, 300 грама шеќер во прав, три супени лажици сируп од бозел и пет јајца

Бозелот е традиционален викторијански вкус, кој повторно стана модерен. Цветовите се собираат во пролет, а од нив се прават сокови, сирупи и ликери.

Потребни состојки (за 12 парчиња):

За корите:
300 гр брашно, две лажички прашок за пециво, 300 грама путер, 300 грама шеќер во прав, три супени лажици сируп од бозел, пет јајца

За сирупот со лимон и бозел:
4 супени лажици сируп и ликер од бозел, кора од 2 лимони

За горниот фил: 280 грама шлаг, 130 грама путер отстојан на собна температура, кора од 1 лимон, 1-2 лажици млеко, 1 лажица ликер од бозел.

  • Загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Брашното и прашокот за пециво измешајте ги во голем сад.
  • Во друг сад, направете кремаста смеса од путер, шеќер и сируп, да добие бледа боја, потоа додадете ги јајцата едно по едно.
  • Ставете ја смесата од брашно и пециво во смесата со путерот.
  • Подмачкајте две тави од 20 сантиметри и поставете ја основата на хартија за печење. Поделете го тестото рамномерно на двата калапи и печете ги 25-35 минути
  • Направете го сирупот со комбинирање на сирупот од бозел, ликер и кора од лимон. Ако не користите ликер, тогаш ставете двојно количество сируп.
  • Кога ќе бидат готови корите, пресечете ги по средината за да направите четири слоја. Поминете ги сите страни со сирупот и оставете ги 20 минути да ја впијат течноста.
  • За да го направите филот, измешајте ги путерот и шлагот со миксер, додека не добие светла боја, а потоа додадете го ликерот. Продолжете да мешате сѐ додека не се добие бледа боја и погуст состав. Со додавање на повеќе шлаг или млеко се добива саканата густина.
  • Намачкајте шлаг на корите и поставете ги една во друга. На крај, намачкајте ја целата со филот и оставате ја во фрижидер 25 минути.
  • Украсете ја тортата со големи цветови и ливчиња.