СО 207 ВКУСОВИ НА МИЛКШЕЈК, РЕСТОРАН ВО КЕЈПТAУН Е ГИНИСОВ РЕКОРДЕР

Кејптаун, (Ројтерс)

Гинисова книга на рекорди прогласи ресторан во јужноафриканскиот град Кејптаун за локал со најмногу вкусови на милкшејк.

Во „Гибсон“ можат да се пробаат дури 207 видови на милкшејк. Во понудата има разноразни егзотични комбинации, од нутела и маскарпоне до чизкејк со „орео“. Има и вкусови за вегани, без масти, како и милкшејк со алкохол за возрасни.

„Кога го отворивме ресторанот, имавме 40 видови милкшејк. Бидејќи станаа многу популарни, стигнавме до 100, 150, 200 и сега до 207 различни вкусови. Сето тоа за период од пет години“, вели косопственикот Ијан Халфон.