ВО ЗЕМЈАТА НА ВИНОТО ФРАНЦИЈА СЕ ОТВОРИ ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЗА БЕЗАЛКОХОЛНО ВИНО

Париз, (Ројтерс)
Clients looking for a drink at Le Paon Qui Boit. Paris, France.

Светски позната по црвеното вино „бордо“ и белото „бургундец“, во Франција се отвори првата продавница за безалкохолно вино.

Ова е нашиот одговор на големата побарувачка. Веќе добивме предлози да отвориме вакви продавници и во други француски градови“, вели Огустин Лаборд.

Франција е вториот најголем потрошувач на вино на светот, зад САД. Но, додека безалкохолните пијалаци секаде доживеаја популарност, Франција заостануваше во тој поглед. Консумирањето безалкохолно вино во Франција пораснало за 4% во 2021, додека на светско ниво било 24%.

Сепак, пристапот кон алкохолот почна да се менува и во Франција.

Се забележува силен интерес за безалкохолни пијалаци или за оние со ниско ниво на алкохол. Луѓето почнаа повеќе да се грижат за своето здравје“, вели истражувачот на зависноста од алкохол Микаел Насила.

Лаборд вели дека неговото вино е компромис, бидејќи не содржи алкохол, но ја дава празничната атмосфера.

(Фото: НПР)