ВО ХОЛАНДИЈА СЕ ОТВОРААТ „БАНКИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ“ ЗА ОНИЕ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ГИ ДОЗВОЛАТ

Амстердам, (Би-Би-Си)

Холанѓаните сакаат да кажаат дека децата во Холандија учат да возат велосипед пред да проодат. Иако ова е урбан мит, сосема е нормално мали деца да се видат на две тркала.

Возењето велосипед е дел од секојдневниот живот, но зголемувањето на животните трошоци натера некои холандски семејства да се свртат кон таканаречените банки за велосипеди за да им ги обезбедат на своите деца.

Кралскиот холандски велосипедистички клуб создаде шема која трансформира фрлени користени велосипеди во велосипеди во возна состојба. Побарувачката по обновени велосипеди е во пораст. Пред две години, една група од Амстердам примила повеќе од 400 барања за помош, а лани нивниот број пораснал на 1.200.

Според податоците од септември 2022, инфлацијата во Холандија пораснала до рекордни 14,5%, додека цените на енергијата се зголемиле до 200% во споредба со истиот период во 2021. Луѓето плаќаат повеќе за храна, гориво, облека, јавен превоз и образование, па нешта како велосипед станаа луксуз за многу семејства.

Возење велосипед стана привилегија недостапна за многумина. Тоа е скриена сиромаштија. Луѓето кои не возат, седат дома. Во Холандија, мора да имаш велосипед за да се придружиш на светот“, вели Инге Велишек од Кралскиот холандски велосипедистички клуб.

(Фото: Г. Конев)