ЗА РАЗЛИКА ОД НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ, МЕЛАНИЈА ТРАМП СОВЕТУВА ДА СЕ НОСИ ЗАШТИТНА МАСКА

Вашингтон, (Си-Ен-Ен)

И додека нејзиниот сопруг вели дека би му било глупаво да ја носи, Меланија Трамп ги искористи своите профили на социјалните мрежи за да ги охрабри Американците да носат заштитна маска во времето на пандемија на коронавирусот.

Таа се фотографираше со маска на лицето за да ја поддржи препораката на центрите за контрола на болести и превенција (ЦДЦ).

„Додека ЦДЦ продолжува да го истражува ширењето на КОВИД-19, тие препорачуваат заштитна маска да се носи на јавни места каде што е тешко да се одржи социјална дистанца. Сепак, тоа не ја намалува важноста на социјалното дистанцирање“, напиша првата дама на САД на Твитер.

Пред неколку дена, Доналд Трамп кажа дека нема да носи маска во јавност, особено во Белата куќа.

„Не можам да се замислам како носам маска додека се среќавам со претседатели, премиери, диктатори, кралеви и кралици“, изјави Трамп.