Луѓето кои внесуваат повеќе калциум во исхраната, еднакво на една чаша млеко дневно, може да го намалат ризикот од рак на дебелото црево, покажа ново истражување во Велика Британија.
Оваа студија од Универзитетот Оксфорд и Организацијата за истражувањето за рак во Велика Британија, вели дека сѐ сведува на калциум, од млечни или немлечни јадења.
Научниците ја анализирале исхраната на повеќе од половина милион жени над 16 години и откриле дека зеленчукот со темно зелена боја, како спанаќ, блитва, лебот и немлечните млека кои содржат калциум, исто така, имаат заштитен ефект.
Тие, исто така, откриле повеќе докази дека консумирањето премногу алкохол и преработено месо има спротивен ефект, зголемувајќи го ризикот од болеста.
Тие велат дека дополнителни 300 мг калциум дневно во исхраната, или голема чаша млеко, го намалуваат ризикот за 17%
„Тоа ја истакнува потенцијалната заштитна улога на млечните производи, главно поради калциумот, во развојот на рак на дебелото црево“, рече водачот на истражувањето д-р Керен Папиер од Оксфорд.
Студијата вели дека калциумот може да заштити од рак на дебелото црево „бидејќи може да се врзе за жолчните киселини и слободните масни киселини во дебелото црево, намалувајќи ги нивните потенцијално канцерогени ефекти“.
Житарките за појадок, овошјето, интегралните житарки, јаглехидратите, влакната и витаминот Ц исто така покажаа дека го намалуваат ризикот од рак, но само малку.
Калциумот е важен минерал за зајакнување на коските и одржување на здравите здрави. Има многу калциум во млекото, јогуртот и сирењето. Присутен е и во друга храна како пијалаци од соја и ориз, бел леб, јаткасти производи.
(Фото: Гети)