83-ГОДИШНИОТ АЛ ПАЧИНО ЧЕКА ДЕТЕ СО СВОЈАТА 29-ГОДИШНА ДЕВОЈКА

Њујорк, (Пипл)

Холивудската легенда Ал Пачино го чека четвртото дете на 83 години. Веста прв ја објави сајтот ТМЗ.

Тоа ќе биде прво заедничко дете за Пачино и неговата 29-годишна девојка Нор Алфалах. Шпекулациите дека се во врска се појавија во април 2022, кога првпат беа снимени заедно и повеќе извори потоа потврдија за сајтот „Пејџ сикс“ дека тие тивко почнале да се гледаат за време на пандемијата.

Пачино има 33-годишна ќерка од врската со учителката по глума Џен Тарант, како и 22-годишни близнаци, кои ги доби со актерката Беверли Д‘Анџело, со која беше во врска од 1997 до 2003.

Ова следува неколку недели откако Роберт де Ниро откри дека го добил седмото дете на 79 години.

(Фото: Бекгрид)