СКУПИФЕСТИВАЛ ОД 14 ДО 19 ОКТОМВРИ ВО АЛБАНСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Меѓународниот театарски фестивал Скупифестивал Скопје по 18 пат ќе се одржи од 14 до 19 октомври во Албанскиот театар  во Скопје.

Свеченото отварање ќе биде во понеделник, 14 октомври во 20 часот, на сцената на Албанскиот театар – Скопје, со изведба на Националниот театар од Приштина, Косово. Во претставата “1984”, (фото) од  авторот Џорџ Орвел во режија на Игор Менџиски ќе играат: Арта Селими, Басри Луштаку, Едона Решитај, Флака Латифи, Шпејтим Кастрати, Џејлане Годанци и Илбер Барди.

На 15 октомври игра претставата “Гидеоновиот јазол”,  во продукција на Интермецо и МЕСС Сараево, Босна и Херцеговина. Автор е Џона Адамс, а е во режија на Селма Алиспахиќ. Играат: Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ.

Во среда, на 16 октомври, на програмата ќе биде „Децата од прашина”, претстава во продукција на театарската продукција „Тула Лимноа“ од Берлин, Германија.

На 17 октомври од 20 часот се прикажува „Нижински”, подготвен од “Produksion L’ Amphitheater & Oh DA!”  oд Букурешт, Романија. Автор е Ема Николова, режисер Малина Андреј, а игра Филип Ристовски.

В петок, на 18 октомври, на програмата ќе има работилница „Изведба со маски“, која ќе ја предводи режисерката Сенем Џехвер од Турција. Фестивалот има натпреварувачки карактер, и доделува награда за најдобра претстава.

Фестивалот ќе биде затворен на 19 октомври од 20 часот со претставата “Елементарни Честитки” од Мишел Велбек, во режија на Крис Шарков, со Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар Николов, Мартин Димитров, Елена Иванова, Славена Зајкова, Дарина Радева, во продукција на Бугарскиот Народен театар „Иван Вазов“ од Софија.