Натуристичкото движење се појави во Европа на крајот на 19 век и сега е популарно низ целиот свет. На глобално ниво, постојат стотици нудистички плажи, а бројот расте. Љубителите на натуризмот сега можат да одат на голи крстарења низ Карибите или да планираат гола свадба на италијански остров.
„Натуризмот значи различни работи за различни луѓе и терминот понекогаш се злоупотребува“, вели Стефан Дешенес, претседател на Меѓународната натуристичка федерација (INF-FNI), единствената глобална организација за натуризам во светот. INF-FNI има за цел да им помогне на луѓето да најдат доверливост при изборот на натуристички одморалишта и тоа го прави повеќе од 70 години.
„Кога одите на нудистичка плажа, никој не знае дали ви е првпат“, вели Рона Крози, пензионирана 80-годишна професорка, која е нудистка повеќе од 30 години. Во 2023, таа беше во семејно нудистичко одморалиште и камп во Вудсток, Конектикат. „Полесно е да се оди некаде каде што има повеќе луѓе“, вели таа.
„Не ставајте го столчето или крпата премногу блиску до никого“, вели Крозби. „Сѐ што изгледа како сексуална активност, како допирање со некој друг, не е дозволено“.
„Секогаш носете крпа со себе за да седите, бидејќи тоа е за сечија хигиена“, советува Крози.
„Да започнете пријателски разговор? Сето ова е повеќе од добредојдено“, вели Крози. „Гледајте ги луѓето во очи, затоа што тоа може да ви помогне да сфатите каде да го насочите вашето внимание и не се загледувајте во нив затоа што тоа се смета за грубо и неучтиво. Очилата за сонце се вообичаен додаток за на плажа но не се обидувајте се да се скриете зад нив“, додава Крози.
Таа вели дека фотографиите или видеата без дозвола на луѓето е исто така големо не. „Само затоа што немате облека, не значи дека не треба имате убави манири“, вели Дешенес.
И Крози и Дешенес велат дека едно од прашањата што најчесто им се поставуваат е што се случува ако мажот физички се возбуди. Вистината е дека тоа не се случува толку често.
„Тоа е голем страв“, вели Дешенес. „Разбирливо е бидејќи повеќето мажи го поминале целиот свој живот поврзувајќи ја голотијата со сексот“.
Крози има решение за секој човек што ќе се возбуди. „Земете го пешкирот и покријте се. Легнете на стомак во песокот. Трчајте накај студената вода. Ако сè друго не успее, обидете се со здодевни мисли“.
Исто така, вообичаено прашање од жените е што треба да прават ако имаат менструација. Во тој случај, тие можат да носат долна облека.