АКТЕРОТ ЏОН ХАМ СЕ ОЖЕНИ СО КОЛЕШКА ОД СЕРИЈАТА „МОМЦИТЕ ОД МЕДИСОН“

Калифорнија, (НМЕ)

Американскиот актер Џон Хам се ожени со својата колешка од серијата „Момците од Медисон“ (Mad Men), Ана Оскеола. Во март се појавија информации дека тие се свршени, откако ја почнале врската во 2020, пет години по завршувањето на наградуваната серија.

Оскеола се појави во последната епизода од серијата и венчавката ја одржаа токму на местото во северна Калифорнија каде што таа се снимаше. Меѓу гостите во кањонот Андерсон беа и актерите Лери Дејвид, Тина Феј, Брук Шилдс и Били Крудап. Ова е прв брак за 52-годишниот Хам.

Во последната епизода, Дон Дрејпер (Хам) се наоѓа пред ментален слом, пред да искуси просветлување за своите живот и кариера додека медитира на рид. Момците од Медисон“ се емитуваше од 2007 до 2015 и освои 16 награди Еми.

(Фото: Гети)