СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ТАПАСОТ ЌЕ ПРИВЛЕЧЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ ВО ШПАНИЈА, ВЕЛИ ШПАНСКИОТ АМБАСАДОР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Шпанското мезе познато како тапас беше во фокусот на настанот во Македонската филхармонија во Скопје, со кој Амбасадата на Шпанија и нејзиниот Сектор за туризам на 22 јуни го прославија Светскиот ден на тапасот.

Станува збор за мала порција храна која се служи со пијалак како предјадење. Тапасот се споделува со пријатели, семејство и колеги и со тек на време прерасна во начин на живот.

„Нашата влада и туристичкиот сектор се свесни дека гастрономијата е наша голема предност. Тапасот е дел од нашите култура и начин на живот“, изјави Изабел Гарања, директорката на Секторот за туризам во амбасадата.

Шпанскиот амбасадор Хосе Луис Лосано Гарсија се надева дека „презентацијата на Светскиот ден на тапасот ќе биде поттик повеќе граѓани на Северна Македонија да патуваат во Шпанија“.

(Фото: Амбасада на Шпанија)