Актерот Хенри Кавил (41) го доби своето прво дете со девојката Натали Вискузо. Извор близок до семејството ја потврди веста за магазинот „Пипил“, но не кажа дополнителни детали како што се името, полот или точниот датум на раѓање на бебето.
„Дејли Мејл“ неодамна објави фотографии од двојката како турка бебешка количка во Австралија, каде Кавил се подготвува да го снима новиот филм. Британскиот актер кој се прослави како Супермен и Џералт де Ривија во серијата „Вештерот“, во април минатата година кажа дека ќе стане татко.
„Многу сме возбудени“, кажа 40-годишниот Кавил, кој ја откри убавата вест на премиерата на новиот филм на Гај Ричи „The Ministry of Ungentlemanly Warfare“ во Њујорк.
Кавил и Вискузо се во врска од 2021. Двојката за првпат се појави заедно на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 . Натали Вискузо работи како директорка на холивудската телевизија.