АКТЕРОТ ВИНС ВОН УАПСЕН ПОРАДИ ВОЗЕЊЕ ВО ПИЈАНА СОСТОЈБА

Лос Анџелес, (АП)

Актерот Винс Вон беше уапсен во неделата под сомнение за возење во пијана состојба, откако беше запрен на контролен пункт во Калифорнија, соопшти полицијата.

Вон (48), кој е најпознат по улоги во комедии, беше уапсен во рани утрински часови во Менхетн Бич. Вон беше во врска со глумицата Џенифер Анистон по нејзиниот развод од Бред Пит.

Сопатникот во автомобилот бил уапсен за пиење алкохол на јавно место. Возилото на Вон беше запленето.
И двајцата се обвинети и за давање отпор при апсењето.

Вон, кој живее во Менхетн Бич, во текот на денот беше ослободен и не е познато кога треба да се јави во Врховниот суд на Лос Анџелес.