Големото семејство на Алек и Хиларија Болдвин сега е проширено со уште еден член. Тие објавија дека го добиле седмото заедничко дете, ќеркичката Иларија Каталина Ирена.
Шеесет и четиригодишниот актер и Хиларија се во брак од 2012 и нивното семејство сега брои четворица синови и три ќерки, од кои највозрасната Кармен има девет години. Осумнаесетмесечната Марија Лусија ја добија преку сурогат мајка, што уследи откако Хиларија имала два спонтани абортуса.
„Луѓето често ме прашуваат зошто имаме толку многу деца. Да се биде родител е ултимативно патување“, кажа Болдвин неодамна.
Болдвин има и 26-годишен син од бракот со Ким Бејзингер.
(Фото: АП)