Фармер од Канзас посадил 1,2 милиони сончогледи за својата сопруга, со која наскоро ќе прослави 50 години брак. Ли и Рени Вилсон се вљубиле во средно училиште и заедно го поминале најголемиот дел од нивните животи. Тие ќе ја прослават својата златна годишнина на 10 август.
„Таа отсекогаш сакаше сончогледи и си реков дека ова е годината кога треба да ги посадам“, изјави Ли Вилсон.
Рени била пресреќна кога сончогледите се расцветале на површината од 32 хектари.
„Тоа ми направи да се чувствувам многу посебно. Не можев да добијам поубав подарок за годишнината од поле сончогледи“, кажа Рени.