„Дали сте спремни да се забавувате од дома?“, порача „Арт хаус Карев“, организацијата на средношколци при гимназијата ,,Никола Карев” во Скопје, која овојпат е принудена да го реализира својот фестивал „Три дена култура” на социјални мрежи.
Соодветно на ситуацијата, тој ќе се одржи под името ,,Три дена култура од дома” од 21 до 23 април, при што сите замислени активности ќе се реализираат преку Инстаграм и Фејсбук страницата на „Арт хаус Карев“.
Утре ќе се прикажат кратки аматерски средношколски филмови, проследено со интервју со Атанас Георгиев, продуцентот и монтажер на „Медена земја”. Вториот ден е посветен на физичкиот театар, а третиот ќе биде исполнет со музичка програма, при што специјален гостин ќе биде групата „Ласт експедишн“.