БАЛЕРИНАТА АНТОНИЈА АТАНАСОВА НА ДЕВЕТ ГОДИНИ ИМА 41 ОСВОЕН МЕДАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Балерината Антонија Атанасова има девет години, а веќе има 41 освоен медал, од кои 30 се први места, осум втори и десетина медали за трето место.

Антонија е ученичка во шесто одделение во „Јан Амос Коменски“ во Скопје, а часови по балет посетува од петгодишна возраст во балетското студио „Арт балет“ кај балетскиот педагог Тамара Ѓурчиновска.

На групните натпревари, Антонија има добиено неколку специјални награди, како што е за најталент во Романија

Антонија ни рече дека љубовта кон балетот ѝе пренесена од нејзината мајка и дека исто така обожава да скија, да оди на уметничко лизгање, плива и да вози ролерки и велосипед. Посетува и нижо музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Малата балерина интензивно вежба речиси пет дена во неделата, по 2,5 часа, а за натпреварите со професорката се подготвуваат подолг период.

Натпреварувањата ги започнале пред две години, а првото учество им било во Виена. Кога се почнува со натпреварувања, вели Ѓурчиновска, се избираат и аматерски и професионални натпревари, затоа што една од најважните работи е стекнување на сценското искуство.

Професорката на Антонија вели дека таа е исклучително дисциплинирана и посветена за нејзина возраст и токму тоа ја прави самостојна личност

Aнтонија настапува како солист и потребно е да се има оригинална балетска варијација, која е извадок од одредени балети. Таа балетска постановка треба да е работена со оригиналните чекори. До десетгодишна возраст, не се работи со шпиц патики и затоа работиме на меки балетанки. Антонија настапува со варијација на ‘Есмералда’, а имаме подготвено и модерна кореографија на соло од ‘Есмералда’ “, вели професорката.

Релевантноста на натпреварите им е многу значајна, вели таа, и секогаш се трудат да учествуваат на солистички натпревари со многу учесници, како што се натпреварите во Австрија, Бугарија, Холандија.

Но, во текот на годината ги практикуваат и аматерските и аматерско-професионалните натпревари, кои се значајни за стекнување искуство, одмерување сили со останатите приватни и државни студија и воедно да се стекне тој дух кога уметникот е на сцена да се чувствува како дома.

На групните натпревари, Антонија има добиено неколку специјални награди, како што е за најталент во Романија, и на последниот натпревар во Банско, кадешто меѓу 1.800 учесници освоила вонредна награда за најталент.

Антонија настапува со варијација на “Есмералда’, за која има подготвено и модерна кореографија

„На овие години, реткост е да се постигне толкав успех во техниката на класичниот балет, бидејќи таа бара минимум тригодишно образование, но исклучителните талент и музикалност што ја красат Антониија, како и нејзиниот борбен дух, ја донесоа на пиедесталот на кој се наоѓа сега со само девет години“, вели Ѓурчиновска.

Ѓурчиновска додава оти Антонија е исклучително дисциплинирана и посветена за нејзина возраст и токму таа карактеристика ја прави самостојна личност.

Иако е мала, Антонија знае во кој правец сака да оди. Има премногу елементи за да ги запомни едно дете, а таа веќе знае како правилно да ги држи ‘рбетот и колената. На деветгодишна возраст таа веќе има посетено над девет држави во Европа и со тоа сме ја постигнале целта, затоа што таа веќе нема трема на сцената“, раскажува таа.

Антонија и Тамара периодов ја подготвуваат втората варијација, со која ќе се претстават на натпреварите во Келн и Виена.

Б. НЕСТОРОСКА