Серена Вилијамс е една од најголемите спортистки на сите времиња, но не се срами да побара совет од своите фанови на социјалните мрежи во раната фаза од мајчинството.
Таа признава дека е стресно да се биде мајка и побара помош од своите десет милиони следбеници на Твитер, бидејќи тримесечната Алексис Олимпија Оханјан не престанува да плаче сега кога ѝ растат први запчиња.
„Сѐ пробавме, но ништо не го решава проблемот. Многу плаче, а инаку никогаш не плаче и така сѐ додека не заспие. Понекогаш ми го крши срцето кога ја гледам таква. Помош, кој било?“, напиша Серена на Твитер.
Серена Вилијамс се породи во септември и оттогаш редовно ги споделува своите мајчински искуства на Твитер, а фановите експресно ѝ даваат поддршка и совети. Таа дури призна дека породувањето поминало со доста компликации, но не откри детали за тоа.
Серена поголемиот дел од годината му го посвети на семејството, а на тениските терени планира да се врати наредниот месец, за да ја брани титулата на Отвореното првенство на Австралија.