Дејвид Бекам (45) остаре дигитално за потребите на кампања за превенција од маларија. Поранешната англиска фудбалска ѕвезда во клипот е прикажан како да има 70-ина години и држи говор во кој го поздравува поразот на „нашиот најстар и најсмртоносен непријател“. Кампањата е насловена „Маларијата мора да умре за да можат милиони да живеат“.

Бекам прогласува дека „нашиот свет е променет“ и „дека ставивме крај на маларијата“.

„Борбата против маларијата ми е многу блиска, бидејќи оваа болест е голем убиец на децата и ние ја имаме таа можност да го промениме тоа засекогаш. Соработувам со британската организација ‘Malaria No More’ од 2009. Нивните кампањи секогаш со големи креативност и иновации привлекуваат внимание“, рече Бекам.