БЕСПЛАТНИ ПРЕТСТАВИ ВО ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ, КОМЕДИЈА И МНТ ВО ЧЕСТ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во чест на 27 март – Светскиот ден на театарот, во Театарот за деца и младинци (ТДМ) утре ќе има бесплатен влез за претставата „Франкенштајн“, во режија на Кокан Младеновиќ. Претставата е наменета за публика над 14 години. Бесплатен билет треба да се резервира на 02 3222 619 или 071 378 387.

По овој повод, ќе има бесплатни претстави и во Македонскиот народен театар (МНТ) и во Театар Комедија.
Во Комедија на 6 април ќе се изведе претставата „Череп во Конемара“, во режија на Јане Спасиќ. Резервација и подигнување на бесплатните билети ќе се реализира на билетарницата на Театар Комедија. Работното време на билетарницата од понеделник до петок е од 9 до 20 часот, а во сабота од 13 до 20 часот.

Во МНТ ќе има две бесплатни претстави: детско-младинската „Силјан Штркот шанца“, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, ќе се одигра на малата сцена на 30 март од 12 часот, а „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев е на 6 април од 20 часот. Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.

Фото: Сцена од „Франкештајн“ (ТДМ)