БЕТИ ВАЈТ – ЗЛАТНА ДЕВОЈКА НА АМЕРИКАНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА СО КАРИЕРА ДОЛГА НАД 60 ГОДИНИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (АП)

Бети Вајт, чиј дрзок и отворен шарм ја направи телевизиска константа повеќе од 60 години, почина на 99 години, само 18 дена пред својот 100. роденден. Со кариера која се протегна низ осум децении, Вајт беше најдолговечната актерка во историјата, а ја следеше харизма што ја направи икона и една од најомилените личности во САД. По неа денес тагуваат и претседателот Џо Бајден и бројни ѕвезди од шоу бизнисот, но и обични луѓе кои ги освои со своите легендарни улоги во сериите „Шоуто на Мери Тајлер Мур“ и „Златни девојки“.

На почетоците на кариерата

Вајт неодамна кажа дека е благословена со добро здравје додека се подготвуваше за прославата на 100. роденден. Нејзиниот менаџер Џеф Витјес изјави дека немала дијагностицирани болести.

Бети Вајт се мажеше трипати и своевремено кажа дека не сакала да има свои деца зашто целосно била фокусирана на кариерата.

„Живот со Елизабет“ се емитуваше од 1952 до 1955
Со третиот и последен сопруг Ален Луден, кој почина во 1981 (Фото: Гети)
„Шоуто на Мери Тајлер Мур“ (1973-77)
„Златни девојки“ (1985-92)
Вајт освои осум Еми награди (Фото: АП)
„Понуда за брак“ (2009)
Гостуваше во една епизода на серијата „Коски“