Бразил го прогласи 19 ноември за Национален ден на кралот Пеле, одбележувајќи го датумот кога тој наводно го постигнал 1.000. гол во кариерата. Бразилската влада потврди дека претседателот Луиз Инасио Лула да Силва потпишал закон за официјално оддавање почит на трикратниот светски шампион.
Пеле почина на 29 декември 2022 на 82 години.
Како датум на прославата е избран денот кога Пеле го постигнал својот 1.000. гол во 1969 на мечот Сантос-Васко да Гама на стадионот „Маракана“, иако некои историчари се сомневаат во точноста на оваа бројка.
Мајката на Пеле, Селесте Арантес, почина минатата недела на 101 година.
(Фото: АП)