ДЕДОМРАЗОВЦИ ОД СИТЕ ВОЗРАСТИ ТРАДИЦИОНАЛНО ТРЧАА НИЗ СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денес (недела) во Скпопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка, каде што претходно пријавени учесници облечени како Дедо мраз, трчаа низ Скопје.

Трката која ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ е долга два километри. Започна пред „Сити мол“ и имаше учесници од различни возрасти.

Дедомразовската трка е долга два километри, а почна пред „Сити мол“ (Фото: Ѓ. Личовски)

„За победниците доделивме награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби, без оглед на резултатот и освоеното место“, кажаа организаторите, здружението„Прв до врв“.

Пред и по трката имаше загревање со фитнес-инструктор и музичка програма.

 

Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ