ВИТАМИНОТ Д, ПРОБИОТИКОТ И ЦИНКОТ ГО ЗАЈАКНУВААТ ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ

САД, (Ит Дис)

Додатоците во исхраната се еден од начините да го одржиме имунолошкиот систем во добра состојба.

Витаминот Д станува главен додаток за имунолошкиот систем во последниве години, бидејќи сѐ повеќе истражувања го покажуваат неговото влијание врз одбраната од болести. Затоа е препорачливо колку е што можно повеќе време да поминуваме на сонце, но и да се јаде храна и да се пијат течности богати со витамин Д, како риба, печурки, јајца, житарки, млеко и сок од портокал.
Според истражувањата од 2021 година, 70 до 80 проценти од имуните клетки се наоѓаат во цревата. Пробиотиците се исклучително важни за правилна функција на цревата, па затоа е здраво да се јаде храна и да се пијат течности со пробиотик: јогурт, кисела зелка, месо.

Цинкот, кој го штити организмот од бактерии и вируси, може да го има најмногу во јајцата и во гравот.

За подобар имунитет, корисно е да се земаат имунолошки мултивитамини, особено оние кои содржат витамин Д, витамин Ц и цинк.

(Фото: Фрипик)