ПЕТАР САРКАЊАЦ ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ ДЕБИ АЛБУМОТ СО КОНЦЕРТ НА 21 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Младиот македонски музичар Петар Саркањац на 21 јуни ќе одржи концерт во Сули ан во Скопје (20 часот), на кој ќе го претстави неговиот деби албум „Conference of Grammars“.

Саркањац дипломирал на Беркли во Бостон. Песните се авторски и напишани на повеќе јазици: англиски, македонски, шпански, португалски и турски. Саркањац вели дека музиката има примеси на самба, фадо, џент (метал), и фолк, аранжирана за жичан квинтет.

На концертот во Скопје ќе настапат вокалисти и жичан квинтет со членови од Националната опера и балет (НОБ) и Филхармонијата.

Првиот сингл од албумот ќе излезе на 15 јуни, а на него гостува Андријана Јаневска.