ДЕЛА НА МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ ВКЛУЧЕНИ ВО ИЗЛОЖБАТА СО КОЈА СЕ ОТВОРИ НОВА ГАЛЕРИЈА ВО ЉУБЉАНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со изложбата „Ехо: НЛБ колекција на современа уметност во дијалог“, во Љубљана беше отворена новата галерија „Муза“. На отворањето на 26 март присуствуваа и претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, странски амбасадори во Словенија, регионални уметници и познати личности од културниот и бизнис сектор.

Претставени се уметнички дела од постоечката колекција на „НЛБ“, која е најголемата приватна колекција во Словенија. Таа денес содржи повеќе од 2.000 дела.

Во колекцијата се вклучени и дела од тројца македонски автори: Христина Иваноска, Јане Чаловски и Нада Прља. Куратори на изложбата се Словенците Мета Кордиш и Тевж Логар и Мира Гаќина од Македонија.