Шест полни претстави имаше детскиот фестивал „Поточиња“ кој вчера и денес (12 и 13 април) се одржа во Филхармонијата по 22 пат.
И годинава на „Поточиња“ се пееја песни за деца од предучилишна и училишна возраст, за семејството, за другарството, за градинката и други детски теми. Децата најмногу ги израдува популарната маскота на фестивалот, нотата Поки и мачорот Флип. Фестивалот заврши со песна за мир во светот.
Фондацијата ECrowd.mk подари билети на деца од ранливи групи, а дел од продажбата на билетите ќе се донира за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загина 61 лице.