Девојка која го преживеа масакрот на транс фестивалот Нова на 7 октомври 2023 извршен од Хамас ќе го претставува Израел на годинашната Евровизија. Јувал Рафаел се квалификуваше за Евровизија откако победи на телевизиско музичко натпреварување, на кое гласа јавноста.
Дваесет и четиригодишната Рафаел се журкала со свои пријатели на фестивалот Нова, кога тој бил нападнат од милитантите на Хамас. На фестивалот биле убиени повеќе од 360 луѓе, со што тоа е најсмртоносниот напад во израелската историја.
Рафаел преживеала криејќи се под мртви тела во скривница во близина.
„Музиката е една од најсилните состојки во мојот процес на закрепнување“, изјави Рафаел.