ЏАРЕД ЛЕТО СЕ ШОКИРАЛ ОД СВЕТОТ ОТКАКО ПОМИНАЛ 12 ДЕНА МЕДИТИРАЈЌИ ВО ПУСТИНА

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Оскаровецот Џаред Лето неодамна откри дека за малку ќе загинеше при искачување карпа, а сега доживеал уште поголем шок.

Несвесен за глобалната пандемија на коронавирусот, поради кој низа држави ги затворија границите и воведоа други рестриктивни мерки, тој вели дека начекал сосема променет свет откако завршил со 12-дневната медитација во пустина. Додека бил изолиран од остатокот од светот, немал пристап ни до интернет ни до мобилен телефон.

„Ваау! Пред 12 дена почнавме тивка медитација во пустина и бевме целосно изолирани. Без телефон и други комуникации. Немавме никаква идеја што се случува надвор. Вчера се вратив во сосема поинаков свет, свет кој засекогаш е променет. Неверојатно! Добивам пораки од семејството и пријатели од цел свет и полека сфаќам што се случува. Се надевам дека сите сте добро, ви праќам позитивна енергија. Останете дома“, напиша Лето на Инстаграм.

Тој се ставил во изолација набргу откако преживеал инцидент при искачување карпа во Невада, кога за малку не му се скинало безбедносно јаже на височина од околу 180 метри.