НАЈПОЗНАТИТЕ СВЕТСКИ МУЗЕИ ДОСТАПНИ СО ВИРТУЕЛНИ ТУРИ ВО ВРЕМЕ НА КАРАНТИН

Њујорк, (Ел)

Секторот за култура и уметност на „Гугл“, во организација и соработка со над 500 музеи и галерии низ светот, состави листа на познати музеи кои нудат виртуелни тури и онлајн изложби. Целта е да им се помогне на луѓето кои се во карантин или самоизолација поради ширењето на коронавирусот.

Во колекцијата на „Google Arts & Culture“ се поставките на Британскиот музеј во Лондон, Гугенхајм во Њујорк и стотина други места каде што луѓето можат да стекнат знаења за уметност, историја и наука. Колекцијата е од големо значење особено за учениците и студентите, кои губат часови поради затворањето на училиштата и факултетите.

Ова се дел од музеите:

Британскиот музеј во Лондон

Гугенхајм

Музејот Ван Гог во Амстердам

Лувр

Рајксмузеум

Пол Гети музејот во Лос Анџелес

Галеријата Уфици во Фиренца