„АРС ЛАМИНА“ ДОНИРАШЕ СЛИКОВНИЦИ, БОЕНКИ И ЛЕКТИРИ ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше книги за библиотеката во СОС Детско село Македонија.

Донацијата содржи изданија на „Либи“, дел од „Арс Ламина-публикации“: сликовници од серијалите „Пчеличката Маја“ и „Бајки од Македонија“, боенки, романи од едициите „Детски класици“ и „Шекспир за деца“, читанки и лектирни изданија од „Лесно читливи лектири“ за ученици од второ до деветто одделение, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“.

„Донацијата е со цел да се збогати книжевниот фонд во СОС Детско село Македонија и да се помогне во грижата на децата и семејствата во социјален ризик, згрижени во центарот“, велат од издавачката куќа.