ЏАСТИН ТИМБЕРЛЕЈК УАПСЕН ЗАШТО ВОЗЕЛ ПИЈАН

САД, (АП)

Пејачот Џастин Тимберлејк беше уапсен вчера и обвинет дека возел во алкохолизирана состојба на њујоршкиот Лонг Ајленд, соопштија властите.

Се очекува Тимберлејк да биде изведен пред суд на Лонг Ајленд, според соопштението од канцеларијата на окружниот обвинител на Сафолк.

Тимберлејк бил фатен во Саг Харбор, крајбрежно село на околу 160 километри од Њујорк, кое во лето е популарно за одмор. Тој бил пуштен од затвор беа кауција откако формално беше обвинет.