Џеф Безос од денеска веќе не е извршен директор на „Амазон“ и се повлекува од функцијата како најбогатиот човек на светот. Безос се пензионира на 57 години со проценето богатство од 199 милијарди долари.
Тоа се должи на големата вредност на акциите на „Амазон“ и на други средства, додека Безос лани работел за плата од 81.840 долари и примил компензации од 1,6 милиони долари од компанијата. Неговото богатство е 739.489 пати поголемо од она што го има просечен Американец кога се пензионира на 65 години.
Безос не случајно го избрал 5 јули за повлекувањето, бидејќи токму на тој ден во 1994 година ја основал компанијата. На негово место доаѓа Енди Џеси, досегашниот извршен директор за интернет услуги на „Амазон“.
Во пандемијата, кога светот се сврте кон онлајн купувањето, богатството на Безос пораснало за 75 милијарди долари и тој денес секоја секунда заработува повеќе од просечен американски работник за цела недела.
За неколку дена, Безос ќе полета во вселената со својата компанија „Блу ориџин“, еден од проектите на кои повеќе ќе им се посвети во иднина.