ЏЕФ БРИЏИС СО НОВ ИМИЏ ГО ДОЧЕКА 71. РОДЕНДЕН ДОДЕКА СЕ ЛЕКУВА ОД РАК

Лос Анџелес, (НМЕ)

Легендарниот американски актер Џеф Бриџис го покажа својот нов имиџ, откако пред десетина дена го прослави 71. роденден додека се лекува од рак на лимфни жлезди.

„Ова е последното: се чувствувам добро, си ја избричив главата и имам ново кученце – Монти. Сето тоа за мојот 71. роденден“, напиша Бриџис на Инстаграм.

Ѕвездата на „Големиот Лебовски“ пред неполни два месеца објави дека има рак и дека веднаш почнува со лекувањето.

„Ова е сериозна болест, но среќен сум што покрај себе имам одличен тим на лекари“, кажа Бриџис, кој освои оскар во 2010 година за „Лудо срце“.