Лиза Бонет поднесе барање за развод од Џејсон Момоа, 18 години откако двајцата актери станаа двојка. Ова доаѓа речиси две години откако тие објавија дека се разделуваат.
Во документите поднесени во суд во Лос Анџелес, 56-годишната Бонет како причина за разводот наведе непомирливи разлики. Тие ќе имаат заедничко старателство врз нивните две деца.
Момоа и 12 години повозрасната Бонет ја почнаа врската во 2005, пред тој да се прослави со серијата „Игра на тронови“, а се венчаа дури во 2017. Првото заедничко дете, ќерката Лола, ја добија во 2007, а следната година им се роди синот Накоа-Волф.
Бонет претходно беше мажена за рокерот Лени Кравиц.
(Фото: Гети)