Џенифер Анистон издаде соопштение за да демантира дека поранешниот сопруг Бред Пит ѝ служи како рамо за плачење по разводот од Џастин Теро.
Четириесет и деветгодишната актерка беше пет години во брак со Пит, пред да се разделат во 2005 година, а само четири месеци подоцна, тој излезе во јавност дека е во врска со Анџелина Џоли.
„Последните шпекулации во медиумите се целосно измислени“, изјави публицистот на Анистон.
И од таборот на Пит дојде демант дека тој бил во контакт со Анистон по веста дека се разведува.
„Бред, се разбира, беше тажен кога слушна за разводот на Џен. Тој ѝ посакува сѐ најдобро, но воопшто не стапи во контакт со неа и засега нема намера да го направи тоа“, кажа извор близок до Бред Пит.
Анистон и Теро во петокот потврдија дека се разведуваат по повеќе од две години.