НАЈПРОМАШЕНИ ВОСОЧНИ ФИГУРИ НА ЅВЕЗДИТЕ

Лондон, (Би-Би-Си)

Бијонсе

Фигурата е дел од изложбата во Музејот за восочни фигури на Нијагарини Водопади, а на социјалните мрежи ја споредуваа со Џенифер Анистон и други актерки.

Адел

Се чини дека музејот „Паноптикум“ во Хамбург зел инспирација од еден од хитовите на Адел и мислел дека „ќе најде некој како тебе“, а не да прави восочна фигура слична на пејачката, повеќекратна добитничка на Греми наградата.

Викторија Бекам

Познато е дека Пош Спајс внимателно се грижи за својот имиџ, па затоа никако не може да биде задоволна со оваа своја слика. Фигурата е поставена во музејот на Луј Тисо во Велика Британија, кој има статус на легендарен музеј со лошо изработени восочни фигури.

Кајли Миног и Џејсон Донован

Познатата австралиска двојка од 80-ите години на минатиот век, пејачите и актери Кајли Миног и Џејсон Донован, се, исто така, жртви на дизајните на Луј Тисо.

Тејлор Свифт

Кога славните личности ќе застанат веднаш до нивните восочни верзии, навистина е тешко да се каже кој е кој. Тоа не е случај со фигурата на Свифт во музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк.

Кејти Пери

Кејти Пери во музејот „Гревин“ во Париз изгледа како сосема поинаква личност од пејачката која е омилена меѓу тинејџерската публика.

Мајкл Џексон

Мајкл Џексон е едно од најпрепознатливите лица во музиката, што ја прави уште полоша оваа фигура, која воопшто не изгледа како кралот на попот.

Бој Џорџ

Британскиот пејач кој продаде повеќе од 50 милиони албуми со неговиот бенд доби лоша имитација на неговиот изглед.