Холивудската актерка Џесика Алба се разведува од сопругот Кеш Ворен по 17 години брак. Како што објави сајтот „ТМЗ“, двојката последен пат се појавила заедно на 10 ноември, а неодамна се разделила и ја почнала процедурата за развод. Сѐ уште не се познати причините за разделувањето.
Алба (43) и филмскиот продуцент Ворен (45) се запознале на снимањето на филмот „Фантастичната четворка“ во 2004, каде што тој бил асистент на режисерот. Се свршија во 2007, а една година подоцна се венчаа. Имаат три деца на возраст од 16, 12 и седум години.
(Фото: Вајримиџ)