Џин Хекман ја почнал својата актерска кариера кога веќе бил 30-годишник, но потоа стана една од најголемите и најпрофитабилни ѕвезди во Холивуд. Хекман (95) и неговата сопруга Бетси Аракава (64) беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе во засега неразјаснети околности, но полицијата кажа дека не се сомнева во кривично дело.

Хекман одигра повеќе од 100 филмски улоги од 1961 до 2004 и двапати беше награден со Оскар, покрај уште три номинации. За него своевремено кажаа дека повеќе личи на камионџија отколку на филмска ѕвезда, но Хекман еднакво блескаше и како негативец и како позитивец, и во драми и во комедии.

Од глумата се повлече во 2004 на совет од неговиот кардиолог и потоа ретко се појавуваше во јавност, избирајќи мирен живот со втората сопруга Бетси во Ново Мексико. Нова страст пронајде во пишувањето и објави шест книги.






