ЏОН СНОУ НА СВАДБЕНАТА ПОКАНА НА ЅВЕЗДИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“

Лондон, (Харперс базар)

Ѕвездите на „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли, направиле свадбена покана, инспирирана од ултрапопуларната серија.

Според „Дејли мејл“, на поканата за нивната свадба има и поштенска марка со слика од Џон Сноу, ликот кој го игра Харингтон.

Весникот објави дека 200 гости добиле покана за свадбата, која ќе се одржи во замок во Шкотска, родната земја на Лесли.

Поштенските марки во органичен број беа издадени од Британската пошта во почетокот на годинава.

„Тие набрзина ја организираа свадбата, затоа што не сакаат да протекуваат информации. Но, ставањето на Кит на поканата ги издаде“, изјавил изворот за „Дејли мејл“.

Двојката се сврши во септември и оттогаш ги кријат сите детали за свадбата, бидејќи, како што пренесува весникот, се плашат да не дојдат обожаватели во преголем број.