СРАМ ДА МУ Е НА РИДЛИ СКОТ ШТО ГО ИЗБРКА КЕВИН СПЕЈСИ, РЕЧЕ БЕРТОЛУЧИ

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Легендарниот италијански режисер Бернардо Бертолучи ја критикуваше одлуката на колегата Ридли Скот да го замени Кевин Спејси во филмот „Сите пари на светот“ со Кристофер Пламер, откако тој беше обвинет за сексуални напади од повеќе мажи.

За време на светската премиера на реставрираната верзија на неговиот филм „Последното танго во Париз“ на филмскиот фестивал во Бари, Бертолучи имаше остри зборови за Скот.

Тој кога дознал дека Скот се согласил да ги пресними сите сцени со Спејси, неговата прва реакција била да му испрати порака на соработникот на Скот, Пјетро Скалија, и да му пренесе дека треба да се засрами што подглегнал на притисокот.

„Тогаш веднаш посакав да снимам филм со Спејси“, продолжи режисерот, на што доби голем аплауз од публиката.

Бертолучи појасни дека целосно се согласува со движењето #МеТоо и го пофали поради подигањето на свеста за насилството врз жените ширум светот.

Скот ги пресними сцените со главниот лик Џон Пол Гети во рекордни девет дена, заменувајќи го Спејси со Пламер. Оваа улога му донесе на Пламер номинации за Златен глобус и Оскар, а Скот доби голема поддршка за отстранувањето на Спејси од неговиот филм.