ЏОН ВИЛИЈАМС И МАРТИН СКОРСЕЗЕ ИСПИШАА ИСТОРИЈА СО НОВИТЕ НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Во Холивуд често можат да се чујат поплаки за возраста, но тоа не важи кога се во прашање Мартин Скорсезе и Џон Вилијамс.

Осумдесет и едногодишниот Скорсезе по десетти пат е номиниран за Оскар за најдобра режија, за својот последен филм „Убијците на цветната месечина“. На тој начин стана најстариот номиниран режисер, надминувајќи го рекордот на Џон Хјустон, кој последен пат се бореше за Оскар на 79 години.

Иако сега има двоцифрен број номинации како режисер, тоа не е рекорд. Тој останува во сопственост на Вилијам Вајлер, кој има собрано 12 режисерски номинации.

Во исто време, легендарниот композитор Џон Вилијамс ја доби 54. номинација на 91-годишна возраст, за петтиот дел на „Индијана Џонс“. Филмската академија објави дека Вилијамс е најстариот добитник на номинација за Оскар досега. 

(Фото: Гети)